Како што изјави Заев, Тамара веќе се извинила на Фесјук, а тоа го направи и Амбасадата на САД како организатор на настанот.
– Се случуваат пропусти. Секако, нашата химна се пее секој ден, насекаде. Апсолутно, тоа само потврдува дека се работи за ненамерна грешка и пропуст, за кој се извинија самите организатори, но и изведувачот, изјави Заев по денешното отворање на фабриката за месни производи на компанијата „Тиамо“ во општина Сарај.
За настанатиот пропуст, претходно, преку Фејсбук се извинија Тамара Тодевска и Амбасадата на САД.
– САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги што синоќа со нас ја прославија нашата независност. Разбираме дека грешки можат ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби, наведува Американската амбасада во објавата на Фејсбук.