Заев: Нема одложување на изборите, ако дојде до гласање СДСМ ќе поддржи една изборна единица

600

Премиерот Зоран Заев смета дека нема да има одложување на изборите и очекува да го види законското решение во врска со промена на изборниот модел кое што е во подготовка во Парламентот. Ако процесите за тоа продолжат во Парламентот СДСМ, рече, не би гласале спротивно на нивното изборно ветување за една изборна единица.

– Јас мислам дека нема никакви причини за одлагање на изборите. Впрочем претседателот на ДИК рече дека се подготвени ако треба да се менува изборниот модел, но на крајот на денот тоа зависи  од највисоката институција во парламентарната демократија тоа е Парламентот. Јас сум информиран дека е преточено едно законско решение кое што е надвор од информираноста на Министерството за правда, сакаме да го видиме тоа законско решение. Но уште еднаш само ќе напоменам, СДСМ има изборно ветување  во 2016 година за една изборна единица. После тоа некаде пред неполна година беше отворена дебатата за отворени листи. Ние повторно се собравме донесовме политичка одлука дека сме и за отворени листи. Во такви околности ако дојде до гласање ваквото законско решение ние ќе го поддржиме заради тоа што е наше ветување  дадено на граѓаните. Се надевам дека тоа ќе биде по пат на консензус и со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ, но гледам дека не се одѕваа на поканите на малите партии да дојдат и  дискутираат – рече Заев на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со швајцарската амбасадорка за проект за поддршка на изборите реформи.

Според него, партиите треба да дискутираат за иницијативата која што ја водат малите партии и тој и СДСМ ја поддржуваат иако знаат дека најмногу губи партијата која е прворангирана – СДСМ, па потоа второ рангираната  ВМРО-ДПМНЕ па другите партии, но вели добива демократијата, добиваат помалите партии, добиваат етничките помалкубројни заедници во државата, што го оценува како исчекор во демократизацијата.

– Верувам дека има доволно време, има уште 4,5 месеци до изборите ако не се лажам. Сето тоа не значи никаков вид на промени во избирачки одбори, не значи никаков вид промени во поставеноста на избирачките регулативи во делот на спроведувањето на фер, демократски и ефикасни избори. Или ако има што било што влијание, секако ДИК ќе се изјасни како прв орган за оваа работа. Но во секој случај ако процесите продолжуваат во Парламентот со нивната постапка ние не би гласале спротивно на нашето изборно ветување односно би го потврдиле тоа што го ветивме на самите избори – рече Заев.

Тој напомена дека сите треба да дадат свој прилог и да имаат разбирање за помалите партии, но и за обврската кон државата.

– Демократизацијата е важна работа која нема кој друг да ја направи освен политичките репрезенти на државата во Парламентот – вели премиерот Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...