Заев нема забелешки за Богов, ама мнозинството не го сака

858

Димитар Богов четири години беше вицегувернер, седум години е гувернер. Јас верувам дека тој има капацитет да и помогне на државата, вели премиерот Зоран Заев за предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, Богов да добие уште еден мандат за што од парламентарното нозинство, пред се, од ДУИ се противат.

– Со Иванов се видов на мое барање. Сегашниот гувернер го почитувам, но има забелешки од мнозинството за неговата работа. Јас тие забелешки му ги пренесов на претседателот. Во тој дел разменивме одредени идеи и потреби, но заедно заклучивме дека Македонија треба да има гувернер кој ќе се избере согласно законските рокови. Тоа е добро и за имиџот на државата – вели Заев.

Според него, една од работите кои што секојпат биле добри во Македонија со децении била стабилноста на монетарната политика, курсот на денарот и она што значи стабилно градење на сите економски политики, вклучително и фискалната политика.

– Се надевам дека ќе продолжат ваквите состаноци меѓу нашите советници или директно меѓу мене и Иванов за да изнајдеме решение и до 20 мај да избереме гувернер на НБРМ – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...