Заев нема да се трка за претседател на државата

381

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори.

На маргините од регионалниот форум за Истанбулската конвенција, Заев рече дека не би прифатил да се кандидира за претседател и смета дека треба да го истера целиот премиерски мандат, кој му го дале граѓаните. Заев и изрази уверување дека има многи подобри претседателски кандидати од него.

– Одговорноста пред граѓаните и моите ставови е дека треба да се истера цел мандат, да се даде шанса на економијата,  да се даде шанса на реформите, на целиот овој процес. Конечно Македонија заслужува еден цел мандат – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...