Заев нема да се замара со мнозинство за мандатот на Груевски

234
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Зоран Заев нема намера да преговара со пратеници за да обезбеди двотретинско место за одземање на мандатот на поранешниот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски, затоа што, како што рече, пратениците во овој случај треба да постапат само по Устав и закон.

– За мене не е само банално, туку и смешно да се каже дека на Груевски не му било овозможено правото да дојде и да се пријавува за оправдано отсутен. Тој може да дојде во секој момент. Јас посакувам да дојде и веројатно ќе биде добро да си дојде дома. Тоа е нашата цел, па да се пријавува и како оправдано отустен – рече Заев.

Тој верува дека пратениците ќе постапат по Устав и закон, бидејќи, како што рече, тоа зборува и за нив, за сите, без разлика дали се од власта или од опозицијата.

– Немам намера да преговарам за оваа работа со пратеници за да добијам две третини да гласаат. Тоа е на нивната одговорност и секако останува на нивниот етички кодекс и морал – потенцира Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...