Заев нема да се гони за загрозување на независноста поради Договорот со Грција

2233

Премиерот Зоран Заев нема да се гони за загрозување на независноста поради потпишување на договорот за името со Грција.

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава која против него ја поднесе партијата Левица.

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од политичката партија Левица против пријавениот Зоран Заев за кривично дело – Загрозување на независноста од член 308 од Кривичниот законик. Имено, надлежниот обвинител утврди дека пријавеното дело не е дело кое се гони по службена должност. По проучување на кривичната пријава, беше утврдено дека во дејствијата на пријавениот како Претседател на Владата на Република Македонија не се содржани битните елементи на пријавеното кривично дело, ниту на кое било друго кривично дело кое се гони по службена должност одговорија од Обвинителството за Плусинфо.

Левица ја поднесе пријавата и бараше распит на Заев. Оттаму при поднесувањето се повикаа на изјавите на Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас дека е прифатено име сега омнес со што, според нив државата е доведена под зависност од друга држава.

Што се однесува до кривичната пријава која ВМРО-ДПМНЕ неодамна ја поднесе против претседателот на Собранието, Талат Џафери, се уште нема одлука. Таа е распоредена до надлежен обвинител кој спроведува наводите. ВМРО-ДПМНЕ неодамна поднесе тужба против претседателот на Собранието за кршење на процедурата при носење на Законот за јазиците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...