Заев: Нека се објави се за „Рекет“, јас не сум вмешан

523

Нека се објави се во врска со „Рекет“, јас не сум вмешан. Сакаме ветинг и брзо продуцирање кадри за судството. Покачувањето на платите не е предизборен поткуп туку реален одраз на успешните политики на оваа влада. Прашањата со Грција и Бугарија ќе се решат низ договор, вели во неделното интервју за Слободна Европа премиерот Зоран Заев.

– Не може да се случи без знаење на премиерот ако премиерот е автократ и ако има контрола врз сите процеси во државата. Таква работа веројатно немаше шанса да излезе на површина ако се случуваше во времето на Никола Груевски. Во таквите случаи обично врхушката на власта ќе ги собереше парите, но сега премиерот го пријавува случајот, јас самиот го пријавив самиот случај и тоа беше јасно кажано и од обвинителството и од сите. При еден ваков случај на вака отворена и транспарента постапка, еве ги сите работи на повидок. Испадна дека на крајот тоа што го слушаме од медиумите како разработуваат одредени материјали, дека Орце Камчев којшто е вклучен во ваквиот случај на давањето поткуп, или како што некој вели рекетирањето, испаѓа дека тој давал сериозни донации за ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е влезена во тежок криминал, и тоа на последните избори кога се конструирал самиот случај „Рекет“. Јас би сакал таков вид на истрага да се отвори до крај за да ги видам основите. Како тоа 400 илјади евра, кога законот вели дека правен субјект може да донира до 30 илјади евра. Порано тоа ВМРО-ДПМНЕ го правеше со медиумите, кога должеше три милиони евра. Сега испаѓа дека истото тоа се случува. Зоран Заев е пријавител на случајот, Зоран Заев не е под истрага, ако има што било поврзано со овој случај, сакам да биде обелоденето – вели Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...