Премиерот Зоран Заев повика на масовна мобилизација на граѓаните на 30 септември, прво да си ја извршат својата граѓанска должност а потоа да се посветат на своите домашни обврски.
– И јас на 30-ти ајвар нема да правам оти можеме да правиме откога ќе изгласаме – порача премиерот на еден од собирите во рамки на референдумската кампања.
Заев кажа дека ни се потребни вистински реформи, а не на „реформички“, со цел да се придвижиме до ЕУ и НАТО. Меѓу нив и ефикасна администрација, која наместо по кафе-барови во работно време ќе си ги исполнува работните задачи.
– Ни треба камшикар, ни треба од ЕУ и НАТО да дојде овде и малку да не потсреди. Сите, од мене на чело, па надолу сите. Нема да може сабајле „хихихи хухуху“, кафето испиј го и ајде во кафичите – рече Заев.