Заев на струмичката Тортијада: Можни се искрени и верни пријателства

266

Премиерот Зоран Заев присуствуваше и го означи отворањето на 21-та Тортијада, настан што го организира Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Струмица.

-Оваа традиционална манифестација, што се одржува 21-на година до денес, носи преубави торти пред нас. Но оваа Тортијада сведочи и дека се можни искрени и верни пријателства, што со години ги негуваме ниe со другарување помеѓу нас и грижа едни за други. Ова наше пријателство е и силна порака до целото општество, дека цврсти пријателства се можни, ако ги градиме со разбирање едни за други, со топлина и со љубов – рече Заев.

За првпат оваа година Владата донесе програма за персонална асистенција на лица со попреченост, целосно финансирана од буџетски средства. Целта е независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата.

-Полесно е вака и ред е државата да се грижи за квалитетен живот подеднакво за секој граѓанин. Ова е навистина прекрасна традиција и секако нема да зборувам за тоа што ние имаме како Влада работено за да го помогнеме животот на лицата со попреченост. Тоа јас и Бранимир од среда натаму ќе продолжиме да го работиме, но секако и Министерството за труд и социјална политика коешто целосно е фокусирано на оваа работа – додаде Заев.

На настанот свои обраќања имаа и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и Претседателот на Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...