Заев на средба со Тот: Очекуваме Унгарија да го екстрадира Груевски

518

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на унгарските социјалисти, Беталан Тот.

Тој, како што информираат од Владата, изјавил  дека очекува од унгарските власти, согласно европските начела и меѓународни конвенции, да го екстрадираат поранешниот премиер Никола Груевски.

– Очекуваме да продолжи конкретната поддршка за зајакнување на владеењето на правото и дека унгарските институции ќе постапат согласно европските начела и меѓународните конвенции и дека ќе обезбедат екстрадиција на Никола Груевски – рече Заев.

Груевски избега во Унгарија пред еден месец, а таму доби политички азил. Екс-премиерот е осуден на две години затвор за набавката  на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...