Заев на средба со „Еурокомпозит“: Понуда од инвеститори за трајно решение – фабриката да продолжи да работи

130

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на работната посета во Прилеп, заедно со заменик претседателот на Владата на РСМ Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се сретнаа со вработените и менаџментот на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“, информираат од Владата.

Состанокот меѓу делегацијата на Владата на РСМ и претставниците на „Еурокомпозит“ се одржа во конструктивна атмосфера и со единствена цел да се разгледаат предлозите за трајно решение на деценискиот проблем кој резултираше со блокирана сметка и заостанати долгови.

На средбата беше истакната заедничката цел да продолжи производството, да се обезбеди ново производство, и да биде платен трудот на вработените.

На вработените им беа презентирани понудите од потенцијални инвеститори, а посебно внимание беше посветено на една од нив која има најповолни елементи. Се работи за инвеститор кој работи во областа на наменската индустрија сосема соодветна на профилот на „Еурокомпозит“, со што се отвора можност за решение во рамки на законите, кое ќе овозможи фабриката да продолжи да работи на задоволство на вработените.

На средбата меѓу владината делегација и претставниците на „Еурокомпозит“, заеднички е договорено да се разгледаат сите аспекти на решението и во следните 15 дена да се донесе заедничка одлука од интерес на вработените и за економскиот развој на регионот и на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...