Премиерот Зоран Заев му бил специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати. Премиерот објави дека шеикот најавил инвестиции во Македонија.
– Во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас – истакна Заев.
Државната делегација во која се и министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Царина, Ѓоко Танасоски, со посредство на шеикот остварила работни средби со повеќе компании од Дубаи и Абу Даби со кои биле отворени можности за економски инвестиции во Македонија.