Заев најави импичмент за претседателот Иванов, ако се мора!

Претседателот Иванов резолутно најави дека ќе се спротивстави на ратификацијата на Договорот со Грција, а ова е прва најава на премиерот дека Иванов ќе биде соочен со импичмент.  

3057

Парламентарното мнозинство ќе се окрупни и ќе достигне до двотретинско мнозинство, ако е тоа потребно заради импичмент за шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Ова вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го соопшти премиерот Зоран Заев, објаснувајќи ги напорите за имплементацијата на Договорот со Грција.

Претседателот Иванов резолутно најави дека ќе се спротивстави на ратификацијата на Договорот, а ова е прва најава на премиерот дека Иванов ќе биде соочен со импичмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...