Премиерот Зоран Заев со писмо му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори.
Заев во писмото до Ердоган ги реафирмирал традиционално добрите односи со Република Турција и изразил надеж за понатамошно унапредување на соработката во сите полиња од заемен интерес.
– Традиционалните пријателски односи помеѓу нашите две земји долги години се пример за меѓусебно разбирање и помагање во насока на развој на нашите општества и градење подобра иднина помеѓу нашите држави и нашите народи – се наведува во писмото од премиерот Заев.
Заев напишал и дека ја очекува турската поддршка за аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО алијансата.