Заев: Мојот пријател Бејта ја вработил ќерката во МЕПСО, но тој сега не е функционер

2164

Слушнав дека мојот пријател Невзат Бејта ја вработил ќерката во МЕПСО. Но, тој веќе не е функционер. Знам дека има такви случаи, но тие се минорни, рече премиерот Зоран Заев во гостувањето на телевизија Сител.

Тој рече дека не бега од прашањата поврзани со вработувања на блиски роднини на функционери во државни фирми и институции.

-Не можеме да најдеме кадри, пропаѓаат огласи. Инофрматичари, архитекти, да не зборувам за професори по математика. Од локалните избори наваму, преку 40.000 луѓе се вработени во приватниот сектор. Слушнав дека мојот пријател Невзат Бејта ја вработил ќерката во МЕПСО. Но, тој веќе не е функционер. Знам дека има такви случаи, но тие се минорни – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...