Заев: Можам да ги коментирам случувањата во ИВЗ, но нема

911

Владата нема намера да се меша. За нас поглавар е тој кој го толкуваат законите и Уставот, рече премиерот Зоран Заев за превирањата кои се случуваат во Исламската верска заедница (ИВЗ).

Поради тоа тој не сакаше директно да одговори на новинарските прашања со кој поглавар на ИВЗ ќе се сретне папата Франциск на 7 мај, а немаше коментар ниту за политичките изјави на реисот Сулејман Реџепи, кој меѓу другото, посочи дека тие повеќе не се на иста страна со Владата.

– Нема да си дозволам да коментирам коментари. Државата има секуларен карактер. Работата на реисот е да им служи на верниците. Имав прилика да ја прочитам пресудата која е јавно објавена и тоа ми дава за право да коментирам, но нема да го направам тоа бидејќи ќе значи политичко мешање – рече Заев.

И тој уште еднаш ја демантираше информацијата дека финансиска полиција вчера била во седиштето на ИВЗ, туку рече дека таа денеска добила допис кој ќе го разгледа.

На терен излегле тројца полицајци од МВР, а за тоа имало барање и од двете страни, и од приврзаниците на реисот Сулејман Реџепи, но и од страна на Скендер Бузаку кој тврди дека е нов поглавар. Според Заев, добро е што и двете страни пријавиле, бидејќи ако пријавела една, тогаш излегувањето на полицијата на терен можело погрешно да се протолкува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...