Заев-Могерини: Стартот на преговорите ќе биде заеднички успех на Македонија и ЕУ

161

Премиерот Зоран Заев веднаш по пристигнувањето во Њујорк, каде што ќе усчествува на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации, присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, ја приреди високата претставничка за надворешна работи и безбедносни политики и заменик претседател на Европската Комисија Федерика Могерини.

Заев на вечерата во мисијата на Европската Унија во ОН, истакна дека само неколку недели остануваат до  октомврискиот самит на Европскиот Совет, кога за Северна Македонија се очекува позитивна одлука за започнување на преговори со ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Во разговорот за време на вечерата, Заев истакна дека ова е клучен период за нашата земја и дека сите напори се фокусирани на тоа да се задржи позитивниот дух кај сите земји членки на ЕУ за поддршката за Северна Македонија да ги отвори преговорите со Унијата.

По добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, низата на последователни позитивни препораки од Европската Комисија и афирмативните заклучоци на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и заради остварените и признаени резултати, Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање.

Стартот на преговорите ќе биде успех и на Северна Македонија и на ЕУ, како резултат на заедничките остварувања за време на предпристапниот процес, нагласи премиерот на вечерата со Могерини и шефовите на владите на земјите од Западен Балкан.

Учеството на владината делегација на 74-тото Генерално собрание на ОН, официјално започнува денеска со учеството во работата на самитите посветени на климатските промени и на универзална здравствена заштита.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...