Заев -Могерини: Демократски и слободни претседателски избори, приоритет за Владата

251

Успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата на Република Северна Македонија и сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси.

Ова било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска во Брисел.

На средбата присуствувале и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринск, како и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Заев ја изразил својата лична благодарност за одржувањето на Советот за Стабилизација и Асоцијација во вака значаен период за Република Северна Македонија. На средбата бил поздравен силниот напредок  на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда. Владата од потпретседателката на Европската Комисија, Могерини доби охрабрување пред јуни оваа година државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018-та година.

На средбата помеѓу и Могерини било заклучено дека Република Северна Македонија има големи причини да се надева на позитивни сигнали од сите Европски институции во наредниот период.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...