Заев: Ми треба малку да се одморам, имам право на одмор

5993

Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема, вели премиерот Зоран Заев, во изјава за Телма, а по реакциите во јавноста дека со видео порака му честиташе на новиот претседател Стево Пендаровски, наместо да присустува на инаугурацијата.

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски не бил поканет на свеченоста, а не се канеле ниту противкандидатите Гордана Силјановска Давков и Блерим Река.

И да биле поканети можеби писмата ќе им задоцнеле, оти од службите во Собранието ги испратиле во сабота попладнето, велат од законодавниот дом.

На свеченоста беа присутни претседатели и високи функционери од регионот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...