Не гледам како нашиот политички опомент очекуава гласови. Немаат став за клучните прашања, едно зборуваат дома друго надвор. Беа единствените кои што се радуваа на историската грешка на Европската унија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната граѓанска трибина „На прав пат“ во Гостивар.
– Само тој зборуваше за Договорот со Бугарија дека бил капитулантски, дека ги предал нашите национални интереси. И го видовме сега на телевизија. Вели „сичко што е добре јас поткрепам“. Таму го поддржува договорот, се врати назад, пак не го поддржува договорот. Ќе му ја дадеме државата да ја води? Нема, нема да му ја дадеме да ја води. Нема став и не може да води“- рече Заев.
Заев се осврна и на ставот на неговиот политички противник во врска со ветото на Франција за проширување на Унијата.
-Дури и ЕПП, каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, завчера донесоа Реозулица со којашто потврдија дека е историска, пред се грешка на ЕУ и повикаа брзо да се исправи таа грешка. Само Мицкоски зборуваше дека биле во право некои лидери на ЕУ што не дале датум за почеток на преговорите. Дури и Макрон призна дека сме исполниле се. Згора на се дека Договорот со Бугарија и Договорот со Грција се пример за сите. Само Мицкоски се радуваше. Ако мисли дека така ќе дојде полесно на власт, нема да дојде – рече Заев.
Заев зборуваше и за економските резултати и, како што рече, решавањето на клучните прашања во државава.
Тој пред присутните зборуваше за концептот едно општество за сите.
-Ние како социјалдемократи го воспоставивме принципот на едно општество за сите и тоа го градиме, еднаквоста и рамноправноста но тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ кои постојано зборуваат за чисти држави, се служат со лаги и лицемерие – рече Заев.
Со концептот едно општестви, додаде Заев, ги отворивме сите прашања на предрасуди, а денес зборуваме за меѓучовечки односи, си помагаме едни со други и тоа треба да продолжиме да го правиме.