Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот, ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

595
Zaev Recica kumanovo

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот Зоран Заев, одговорајќи на прашање од граѓани на денешната трибина во Куманово.

– Советник бил на Груевски, работел про боно, па не работел про боно, работел за пари, па и паралелено, правел конструкции, за да дава дозволи за хидроцентрали и за други енергетски ресурси и од тука доааѓаат парите, 7-8 отсто од толку хидроцентрали се огромни пари, истакна Заев, соопштија од СДСМ.

Заев рече дека за сите сомневања треба да следуваат истраги а оние кои незаконски работеле да понесат одговорност.

– Правда за сите мора да има. И за хидроцентралите и за финансирањето на изборите и за незаконско работење, сето тоа низ истрага транспарентно треба да се открие, ако има вклучени и од сегашната власт и тоа ќе се открие, порача претседателот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...