За жал Христијан Мицкоски не успеа да го препознае моментот. После третата средба се стана јасно. Треба на сите да им е јасно. Христијан Мицкоски лаже дека сака Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, лаже дека сака правна држава, лаже дека се бори за чесен референдум, изјави Зоран Заев, премиер и лидер на СДСМ по денешната лидерска средба.
-Денеска се обиде да ги прекрие вистинските намери откако виде дека не постои шанси да разговараме за директна или индиректна амнестија. Тој денеска разговараше без намера да се договори. Неговата цел беше ако нема амнестија тогаш нема да има ниту договор. Тој доби избор на ДИК по негови услови, доби Закон за финансирање на политичките партии како што бараше, доби и техничка влада. Сето ова го добива во пакет со само еден услов – да излезе и да ги повика гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат и да ја искажат својата волја на референдум. Што и да зборува јасна е целта негова. Тоа е Македонија да не успее. Нам совеста ни е чиста. Се обидовме да го убедиме раководството на партијата – изјави Заев и потсети дека Мицкоски рекол дека граѓаните се со него, а не сака чесно да им даде избор.