Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодгороно и навредливо кон сите политички субјејкти и граѓаните на Македонија, рече вечерва премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба во клубот на пратениците.
– Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи рамо до рамо со сите лидери и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина. Што е тоа што Мицкоски не е спремен да го каже пред сите лидери, а е спремен да го каже на лидерска средба во помал состав – рече Заев.
Тој додаде дека Мицкоски утре ќе има уште една можност да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ и граѓаните непречено да одлучуваат за иднината на Македонија.