Заев: Ме боли секоја закана и секое „предавник“, не можат да ме купат со пари

4154

Ме боли секоја закана и извик за предавник. Се што имам ми е во Македонија. Потекнувам од бизнис семејство, имам дома се што ми треба, не можат да ме купат со пари, вели  премиерот Зоран Заев во интервју за 1ТВ.

Како што објаснува, имал разбирање од децата, сопругата и поширокото семејство кои го поддржуваат.

-Јас и семејството знаеме низ што поминавме. Не сакам и нема да зборувам затоа што народот треба да биде храбар. Ако ме боли, тоа е за мене. Но морам да носам правилни одлуки за државата – рече Заев.

Тој праша дали е патриот тој што има офшор сметки или тој, кој се што има му е во Македонија, каде што сака да останат неговите деца и внуци, но само во земја што има иднина.

Како што рече, можеби Македонија ќе ја бидне, можеби има иднина, но сигурно ќе не бидне и ќе има иднина ако стане членка на НАТО и на ЕУ затоа што така се случило и со другите земји.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...