Очекуваме во втора половина на јануари да се изгласаат уставните измени. Низ инклузивност, преку амандманите, и опозицијата се вгради во овој процес, а од денеска се отвора и јавната дебата, по што Владата ќе го достави финалните решенија до Парламентот. Нашите очекувања се дека уставните амандмани ќе добијат широка политичка поддршка во Собранието, со што ќе се овозможи реализација на Договорот од Преспа., изјави премиерот Зоран Заев по средбата со европратениците , Дејвид Мекалистер од ЕПП и Кнут Флекенштајн од ПЕС.
– Паралелно работиме на реализацијата на реформите во клучните области, што очекуваме да ги заокружиме до март. Поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ е висока мотивација за институциите во реформскиот процес, којшто е потребен за ЕУ, но и за квалитетот на живот на граѓаните на Македонија – рече Заев.
Европските пратеници ја пренеле силната поддршка од Европскиот парламент за Договорот од Преспа, којшто е оценет како пример пред се за регионот на Западен Балкан, но и пошироко за цела Европа. Пратениците од Европскиот парламент изразиле силна поддршка за перспективите на Македонија во Европската унија и во НАТО. Тие изнеле очекување дека уставните измени ќе бидат донесени во Парламентот, како и дека Македонија, потоа, Македонија со уште побрзо темпо да ги продолжи интеграциите во ЕУ.