Повикувам на учество на секоја индувидуа секој граѓанин секоја заедница да ја граидме заедно Северна Македонија како отворена праведна стабилна земја на можносит. Да ги градиме заедно и одговорно правната држава и владеење на правото, да придонесеме кон заедничкиот економски раст…. и сите заедно да ги исполниме стратешките односи ос НАТО и ЕУ, рече во своето обраќање на прославата на Денот на независност во градкиот парк, премиерот Зоран Заев.
Тој ги повика сите граѓани да дадат свој придонес за изградба на иднината на земјата, земјоделците, бизнисмените, младите, жените, опозиција.., бидејќи, како што рече, „наша одговорност е да ја обликуваме иднината на нашата земја“.
– На прав пат сме. Најголемите проблеми се зад нас, тоа е патот на раст на плати, градежна офанзива, патот по кој парите одат кај граѓаните, патот на заедничка борба против загадувањето, сиромаштијата и корупцијата, тоа е патот на сигурноста, безбедноста и слободата, тоа е патот до НАТО и Европската унија. Стартот на преговорите за членство со ЕУ во октомври ќе го зајакне континуитетот на домашните реформи, остануваме посветени на владеењето на право и зголемување на животниот стандард – рече премиерот.
Денот на независноста – 8 Септември, како што рече, ќе остане запаметен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашта државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање среќа и просперитет.
– Денес Република Северна Македонија својата независнот ја потврдува во најмоќниот воено безбедносен сојуз – НАТО и како кандидат за членство во најсиланта економска заедница на светот ЕУ – рече Заев.
Во своето обраќање Заев направи разлика на земјава пред и по Преспанскиот договор влијаеше на промените во нашата земја Заев.
– Оваа наша земја која наликуваше на затворена школка конечно се отвора пред Европа и светот. Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјае. Од држава со многу проблеми, сега сме позитивен пример кој другите сакаат да го следат. Гордост европска. Не бегаме од проблемите, пријатели сме со сите соседи. Република Северна Македонија е препознаена како инспиратор на еден нов Балкан, Балкан достоен за 21. век, без бајати кавги, само соработка и заедништво. Не треба да им подлегнеме на емоциите кои се јавуваат при секоја промена. Ако размислиме рационално, ќе сфатиме дека ништо не губиме, а може сè да добиеме -рече Заев.
Тој додаде дека земјава не изгубила ништо со Преспанскиот договор.
– Јазикот се користи слободно секаде, нашиот идентите е потврден и зајакнат. Нашето државјанство е македонско. И денеска и во секоја наредна прилика упатувам благодарност до сите наши сограѓани, што покажаа другарско и братско разбирање. Овие мостови кои ги градиме денес се крвоток на нашата заедничка иднина – рече Заев.
&;