Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека наводите за смена на вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крашник Бектеши не се точни.
– Во една политичка влада е нормално една партија да повлекува свои кадри, но за тоа треба да ме известат мене како мандатар. Јас за такво нешто не сум известен, што значи дека тие наводи не се точни – изјави Заев на денешната прес-конференција.
За Лика, за кого во медиумите често има критики дека воопшто не оди на работи, Заев рече дека тој оди на работа, а за министерот Бектеши рече дека е многу задоволен од неговата работа.