Заев: Ленче Николовска заминува од Владата за мегдан со повеќе пари

10677

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање за оставката на неговата советничка за земјоделски политики Ленче Николовска и други вработени во Владата рече дека тоа се негови први соработници и дека продолжува соработката.

– Тоа се моите први соработници. Ние продолжуваме да бидеме први соработници. Знаете дека имаме одреден критичен основ дека се многу советници кај премиерот, иако тоа е една третина од тоа што го имаше Груевски. Се пуштија во делот на својата професија. Веќе имаме сосема поинакво општество, да се алоцираат онаму каде што можат да работат во приватниот сектор, да дадат свој придонес – рече Заев.

Заев потсети дека ветил оти ќе се рационализира бројот на советници.

– Дел од советниците сами пристапија. На пример Мерсел Биљали кој имал ќерка за вработување вели морам да внимавам, Антикорупциска е сериозна кога ги испраќа пораките, јас правам чекор за детето. Но, тука сум и работам. Ленче Николовска вели веќе имам друг мегдан, можеби и подобро ќе заработам. Отворам агро иницијатива во медиумскиот простор. Верувам дека таму ќе бидам и подобро платена и поисполнета, ќе дадам може и поголем придонес од тоа што верувам и како граѓанин. Имаме таква дискусија меѓу сите нас и верувам дека тоа е добро – вели Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...