Заев: Лајонизмот е пример за служење во заедницата ВИДЕО

702

На оваа Влада, која ја предводам, од првиот ден благосостојбата на граѓаните и е врвен приоритет и епицентар на градењето на секоја политика. Правиме се и лицата со попреченост и ранливите групи да бидат вклучени во општествените текови како никогаш досега, како и да го подобриме условите за живот на сите наши граѓани. Лајонсите се мисионери на добрата мисла, емпатијата и свесноста дека само заедно можеме да истраеме низ секакви неприлики. Продолжете да бидете светол пример со пораката дека натпреварот во добродетелството е натпревар во кој сите излегуваме победници.

Ова го истакна вечерва премиерот Зоран Заев обраќајќи се на свеченото отворање на 64. Европски форум на Лајонсите во објектот на Македонска филхармонија во Скопје.

– Вашата мисија да ги поттикнувате волонтерите, да им служат на своите заедници, да се ангажираат да ги задоволат хуманитарните потреби на другите околу себе, да го поттикнат мирот и да промовират меѓународно разбирање преку клубовите на Лајонси Ве прави да бидете меѓу глобалните лидери во заедницата на хуманитарното служење. Впрочем и мотото на Лајонсите „Служиме“ доволно гласно и уверливо сведочи за вашите трајни вредности во однос на заедницита – рече премиерот Заев.

Тој и оддаде почит на оваа организација за изминатиот четиригодишен ангажман за скринингот на очните болести кај над 27.000 децата во Македонија, како и за промоцијата на волонтерството кај младите со што помагаат тие да се развиваат во способни и хумани луѓе.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...