Заев – Курти: Добрите односи и иницијативи се од исклучително значење за Западен Балкан

304

Добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу Македонија и Косово се од исклучително значење за Западен Балкан и за секоја земја во регионот одделно од аспект на заедничките аспирации за членство во Европската Унија, констатирале на денешната средба во Скопје премиерот Зоран Заев и претседателот на партијата Самоопределување од Косово, Албин Курти.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, на која присуствувале и пратеникот Мухамед Зекири и новоизбраните пратеници од Самоопределување во косовскиот парламент Фиторе Пацоли и Либурн Алиу, биле потврдени исклучително добрите односи меѓу двете земји, а се разговарало за идната соработка која има силни потенцијали да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Северна Македонија и Косово.

На средбата како приоритети биле издвоени проектите за инфраструктурно поврзување, меѓу кои, освен автопатот Скопје – Блаце, се посочиле како особено добредојдени патните поврзувања меѓу Тетово и Призрен, како и дооформувањето на капацитетите на граничниот премин Јажинце кои во голема мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните и на бизнис иницијативите меѓу градовите од западниот дел на Македонија и југозападниот регион на Косово. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...