Кој се извалкал кршејќи закон, ќе одговара. Кој направил штета врз буџет ќе одговара. Порано или подоцна ќе одговара, колку и да е бавноста, неприсебноста, тактичноста или било што, на сето тоа што е воспоставено во правосудството 11 години, Ви тврдам секој што е невин ќе ја доживее потврдата за својата невиност. Ова денеска го порача премиерот Зоран Заев, од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев додаде дека секој кој е виновен и за кого постојат докази ќе одговара.
– Само на тој начин ја испраќаме пораката да не се повтори повеќе. Само на тој начин санкционирањето ќе даде резултат дека им одговорност во оваа наша земја – рече Заев.
Премиерот Заев, одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Рекет 2“, рече дека во минатото стотици милиони евра разлики во цени се извлечени.
– Апсолутно не, јас не сум закажувал состанок на компании, сами си закажуваат состаноци. Некогаш сами, некогаш со амбасадорите. Сами, нема потреба. Но, ако побарале јас би закажал состанок, и со ТИРЗ, и со било кое министерство, и со било кој, заради тоа што се дојдени странски инвеститори со намера да вложат во државата. И притоа доаѓаат со амбасадори, па нормално е дека ќе бидеме нивна асистенција за се што сакаат да инвестираат во државата. Не е чесно да не се соопшти тоа што го знаеме. Ние сме соопштиле, министерот и директорот и писмено тоа го направија, да остават своја трага. Инвестоторот си донел одлука да си купи. Купил, работи, функционира – рече Заев.
Ние, како што потенцира, чесно сме постапиле како извршна власт, сето друго е нешто што тој одлучил да го прави за свои сопствени пари, како странски инвестотор.
Заев потврди дека се работи за високо почитувана компанија од делот на дијализите на светско ниво, не само на европско.
– И добредојдени се такви инвестотори во нашата земја, но тоа не значи дека таму каде што има криминал тој крминал да биде затскриен, да не биде соопштен и слично – рече Заев.
Премиерот апелираше сите индиции да се извадат на површина, смета дека ќе излезат индиции и преку истрагите и преку се. Смета дека нема веќе тајни во нашата земја и оти може слободно за се се зборува.