Заев: Катица и СЈО ја вратија надежта за правната држава, доказите остануваат!

2787

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Печат на неделата“ на 1 ТВ, на прашањето на што се темели надежта дека ќе се усогласи законот за СЈО, рече дека преговорите се во тек и зацртаното може да се оствари.

– Сите знаат дека без закон не бива преговори. И таа обврска мора да си ја сносат сите. Донесовме закон за амнестија во време кога имавме поддршка од две третини, но направивме јасна дистинкиција дека тамуи не беа амнестирани „мозоците“ на 27 април. Преговорите за СЈО се во тек. Постигнавме навидум невоможни работи, верувам дека можеме и ова. Реформите кои Владата треба да ги направи главно се законски. Е сега треба да направиме реформи и во нашите глави. Катица Јанева и нејзиниот тим беа искра надеж во најтешкото време и тие ја вратија довербата во правосудството. Принципиелно создадениот капицитет немаме право да се откажеме од него – рече Заев.

Тој рече дека доказите остануваат, а политичарите доаѓаат и заминуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...