Заев – Каминис: Чекорите на градење доверба се историски

120

Чекорите на градење доверба, како што е денеска потпишаниот договор за соработка меѓу Скопје и Атина, се историски чекори на поставување мостови за соработка, што е од помош и за политичкиот процес што се води на меѓувладино ниво, се согласија на денешната средба премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис.

– Одговорни сме за иднината на сегашните, но и на идните генерации и треба да ги развиваме нашите пријателски односи. Скопје е најголем град во нашата држава, ќе биде од значење размената на искуства меѓу нашиот главен град и Атина во делот на позитивни практики на менаџирањето – рече премиерот Заев, соопштија од владината прес-служба.

Градоначалникот на Атина, Каминис, се наведува, изрази разбирање за евратлантските аспирации на државава. Тој додал дека е отворен прозорец на можности за владите на двете земји да најдат решение за отвореното билатерално прашање.

– Грција е една од најстарите земји членки на НАТО и на ЕУ и мора да биде лидер во обезбедувањето евроатлантска иднина за целиот регион. Работиме и на клучните реформски процеси, градиме едно општество за сите граѓани и ќе направиме се што е до нас, да биде најдено заеднички прифатливо решение. Во меѓувреме, добро е што постои политичка волја, ќе ја зајакнуваме довербата, меѓусебната соработка и добрососедските односи – додаде премиерот Заев.

На средбата, на која присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Владата Заев и градоначалникот на Атина, Каминис, се согласија и дека Балканот мора да остане стабилен и дека тоа е можно со чиста визија на лидерите и на владите, но и на другите политички субјекти во државите и општествени чинители, кон каде се оди, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...