По повод роденденот на кралицата Елизабета Втора, Амбасадата на Велика Британија во Скопје и британскиот амбасадор Чарлс Гарет организираа прием на кој присуствува премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, министри, амбасадори, како и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На масата Заев беше заедно со претседателот на Собранието Талат Џафери, па премиерот и собранискиот спикер наздравија со чаша вода.
Кратко на масата пријде опозицискиот лидер, кој срдечно се поздрави со Заев.
фото: МИА