Заев и Хелбах: Македонија е позитивен пример во регионот за решавање билатерални прашања

Премиерот Заев, се додава во соопштението од Владата, изрази голема верба дека граѓаните ќе донесат правилна одлука за својата иднина и за иднината на својата држава на 30-ти септември.

69

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Христијан Хелбах, специјален претставник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи. На состанокот е изразена силна поддршка од Федеративна Република Германија за успешноста на претстојниот референдум и на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, јави владината прес служба.

Во соопштението од средбата е наведено дека на средбата било „констатирано дека Република Македонија е позитивен пример во регионот за тоа како се решаваат билатерални прашања“.

„Стабилноста и членството на Македонија во НАТО и во ЕУ е важно, како за граѓаните на нашата држава, така и за целиот регион. Очекуваме добри вести за целиот регион и затоа е многу важно, процесот што води кон интеграциите на Македонија да успее, со покажана одговорност од сите политички субјекти во државата“, констатирано е заеднички на средбата.

Премиерот Заев, се додава во соопштението од Владата, изрази голема верба дека граѓаните ќе донесат правилна одлука за својата иднина и за иднината на својата држава на 30-ти септември.

– Граѓаните се свесни дека претстојниот референдум е вратата кон подобра иднина, повисок животен стандард, осигурени граници на државата, еднаш засекогаш потврден македонски јазик и идентитет, а тоа го носат членството во ЕУ и НАТО. Очекувам свесност од сите политички субјекти во државата кои им мислат добро на граѓаните и на државата, да го поддржат процесот на евро-атлантски интеграции и да ја обезбедиме заеднички, нашата заедничка иднина – рече премиерот Заев.

Германскиот специјален пратеник, Хелбах посочи дека решението на спорот со името е предуслов за успешна евроатлантска интеграција на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...