Премиерот, Зоран Заев, во рамки на економската и политичка агенда на Светскиот економски форум во Давос, се сретна и разговараше со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондациите Отворено општество (ФОО) и со Патрик Гаспар, претседател на ФОО.
„Зачленувањето на Република Македонија во НАТО и интеграцијата кон Европската Унија беа оценети како клучни чекори кои обезбедуваат стабилност и сигурност за земјата и за регионот, и ја отвораат вратата за нови странски инвестиции, за развој на македонската економија и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Премиерот Заев и филантропот Сорос разменија идеи за интензивирање на соработката меѓу Владата и Фондациите Отворено општество со цел обезбедување подобри капацитети за грижа и за предучилишно образование за децата и за поголема вклученост на граѓаните Роми во разни сфери на општествените текови во Македонија“, соопштија од Владата.