Граѓаните вечерва ќе можат да ги разгледаат политичките понуди на ВМРО-ДПМНЕ кои водат назад кон нешто што сите сакаме да го заборавиме, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во пресрет на почетокот на дебатната емисија на Канал 5.
– Народот вечерва ќе може да види едни понуди на ВМРО-ДПМНЕ кои водат наназад, но ќе го види и концептот на СДСМ кој се темели на интеграции. Очекувам достоинствено ниво на комуникација. Убавината на демократијата е граѓаните да ги имаат сите информации. Дуелите ќе им помогнат на неопределените да се определат – рече Заев.
По само неколку минути во Канал 5 пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, пак, изјави дека граѓаните вечерва ќе имаат можност да ја видат разликата во концептите на двете партии.
– Еден концепт со криминал, а еден сосема поинаков. Она што е значајно за мене е да се препознае разликата. Граѓаните што ќе го следат дуелот треба да почувстгвуваат дека постои алтернатива и поинаква реалност од оваа во којашто во моментов живеат – рече Мицкоски.