Заев и Мицкоски ќе одат на лидерска ако мрднале преговорите за СЈО

171

Премиерот Зоран Заев информира дека денеска ќе има состаноци во Министерството за правда за да ги добие последните сублимати за работните средби во врска со новиот закон за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот стстус на СЈО. Целта е, потенцира, навремено да се заврши процесот, а ако има напредок би можело да биде одржана и лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.

– Ако се случат одредени исчекори во делот на преговарањето, ние лидерите на двете политички партии, би оствариле лидерска средба за кончено заокружување на законот. Сакаме да постигнеме консезус и за овој закон. Овде имаме и политички одлуки кои треба да ги донесеме, затоа и ќе треба лидерска средба за законот за јавно обвинителство, изјави денеска Заев во Владата пред презентацијата на истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...