За десетина минути во владината зграда, поточно во 14.30 часот, треба да се сретнат премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
По завршувањето на средбата ќе биде испорачано соопштение до јавноста, соопштија од Владата.
Заев вчера на прес-конференцијата кога го соопшти постигнатиот договор рече дека поради отсуство на Мицкоски денеска од државата најверојатно ќе се видат во четврток и ќе ја запознае опозицијата со договореното.
Мицкоски, пак, рече дека ги откажал сите состаноци и денеска побара итна средба со премиерот и претседателот на државата.