Само што почна на Mакедонската телевизија првиот ТВ дуел меѓу премиерот Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Дуелот го води Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, а соговорниците ќе зборуваат на повеќе актуелни теми – преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите…..
Работниот наслов на ТВ дуелот е „Една година власт, една година опозиција“.