Премиерот Зоран Заев заедно со министерите за транспорт и врски Горан Сугарески, за здравство Венко Филипче, за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноскина беа на отворањето на новиот хотел во Охрид „Јуник“ .
Оттаму премиерот порача дека деловната клима се стабилизира и се отвораат можности за нови инвестиции, а со тоа и нови работни места.
Оваа инвестиција, посочи Заев, е потврда дека веќе докажани компании почнуваат да вложуваат, помагајќи ја севкупната инвестициска активност во Македонија.
– Ова е охрабрување за сите наши домашни инвеститори, градители, изведувачи, сето она што ќе го заработат да го остават овде во Македонија, за да им остават на наредните генерации подобри можности – рече премиерот.
Тој ги истакна заложбите и политичката волја на Владата да гради партнерски однос со бизнис заедницата, преку редовна и интензивна комуникација за потребите на бизнисот и за унапредување на економијата.