Заев и Зорица се сликаа под елката на Борис Џонсон во Даунинг Стрит 10  ФОТО

826

Премиерот Зоран Заев синоќа заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО беше гостин на првиот човек на британската Влада, Борис Џонсон во неговата резиденција во Даунинг Стрит 10 во Лондон.

– „Даунинг 10“ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, објави премиерот Заев на Фејсбук.

Заев во Лондон ја предводи владината делегација што вчера и денеска присуствува на Самитот на НАТО, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата. Во состав на владината делегација се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...