Откако вчера грчките медиуми пишуваа дека постои поделба во Владата на Заев со тоа што Никола Димитров продолжува да „игра лични игри“, премиерот и министерот денеска и со фотографии ги демантираа ваквите наводи.
Двајцата на нивните профили на Фејсбук објавија дека викендов го поминуваат во Струмица на заеднички ручек со нивните сопруги, како и фотографии како возат квадрицикл.
„На иста линија“, напиша премиерот на Фејсбук.
„Семејна неделна дружба во Струмица со Зорица и со Зоран Заеви. Го бараме патот, заедно!“, пак, пишува во објавата на шефот на дипломатијата.