Само две минути траела средбата на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, претпладнево требаше да го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција.
„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Димитров.
Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија“, соопшти кабинетот на Иванов.
Наводно, Иванов го побарал на писмено договорот со Грција, по што рекол дека нема потреба да го продолжат состанокот.
Договорот, како што најави премиерот Заев, утре ќе биде разгледан на владина седница и ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти.