Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, заедно ќе ја одбележат 115 – годишнината од Илинденското востание. Утре (2 август) двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“, во Благоевград, соопштија од Владата.
Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.
На одбележувањето на годишнината, ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.
Претходно, во рамки на одбележувањето на Денот на Републиката, Заев ќе биде во Пелинце.