Заев: Има напредок во делот на креативноста за решение за името

Направен е напредок во делот на креативноста на изнаоѓањето на решенијата за она коешто за нас е важно да може да помине, сочувувајќи го достоинството и идентитетот, но и за грчката страна, исто така, можност да помине достоинството и идентитетот. Секако, тоа се само идеи на маса за коишто продолжуваме да размислуваме, рече премиерот.

443

Премиерот Зоран Заев денеска во Дојран, коментирајќи ја вчерашната средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Солун, денеска оцени дека е направен напредок во разговорите за решение за проблемот со името.

– Направен е напредок во делот на креативноста на изнаоѓањето на решенијата за она коешто за нас е важно да може да помине, сочувувајќи го достоинството и идентитетот, но и за грчката страна, исто така, можност да помине достоинството и идентитетот. Секако, тоа се само идеи на маса за коишто продолжуваме да размислуваме – рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања денеска во Дојран каде присуствуваше во акција на чистење во пресрет на туристичката сезона.

Како што додаде, на крајот на идната седмица пак ќе има некоја средба и ќе се види како ќе се одвиваат работите.

– Целта е веќе кога сме дојдени на крајот и така критиките ги добиваме од граѓаните, дај да ги добиеме и позитивните поени со можно решение. Јас сум убеден дека поради креативноста, посветеноста на двете страни во преговарачкиот процес можеме конечно да здивнеме со еден проблем помалку којшто секако е еден од крупните во Македонија којшто ќе ги отвори портите на НАТО и ЕУ,  притоа важно е секако да не бидеме обесчестени, да не бидеме понижени, како и грчката страна исто така. Убеден сум кога веќе стасавме до овде двете страни имаат искрена, вистинска намера за решение на проблемот – додаде Заев.

Шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас вчера во Солун разгледуваа можни комбинации за потешките прашања во преговорите за спорот со името, а за разгледуваните комбинаторики најавија дека ќе ги информираат премиерите на двете земји. Министрите следната недела, на 12 мај, во Атина ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц.

Димитров нагласи дека главните разлики остануваат во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на употреба, додека Коѕијас рече оти смета дека има извесен напредок во преговорите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...