Заев: Имаме аргументи за Макрон – проширување на ЕУ заедно со промена на методологијата

895

Премиерот Зоран Заев во порака објавена на неговиот Фејсбук профил вели дека има доволно аргументи да се убеди францускиот претседател Емануел Макрон дека проширувањето на ЕУ може да оди заедно со промената на методологијата на преговарачкиот процес за прием на нови земји членки.

„Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот „методологија пред проширување“ може да се трансформира во „проширување заедно со промена на методологијата. Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, наведува премиерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...