Заев: Имав страв дека ќе ми заврши животот, нѐ маваа и викаа „убијте го, скинете му ја главата“

3278

Премиерот Зоран Заев денеска во Кривичниот суд сведочеше за настаните од 27-ми април во Собранието.

Тој во своето сведочење истакна дека како никогаш дотогаш стравувал дека ќе го загуби животот. Премиерот во судницата се соочи со обвинетиот Илија Петрушевски, обвинет за кривично дело насилство што се случило на 27 април 2017.

– Имав страв дека ќе ми заврши животот. Чувство кое никогаш дотогаш не сум го имал. Се слушаше, „убијте го Заев, убијте ги пратениците, скини му ја главата“. Не тепаа со тврди предмети, со тупаници и клоци. Имавме расекотини, рани, модрици по цело тело, особено по екстремитетите – рече Заев.

Обвинетиот Петрушевски рече дека не чувствува вина и дека воопшто не го удрил и не го допрел Заев во Собранието, критичната вечер и дека таму бил само присутен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...