Заев: Изјавата на Радев може е мотивација да се надминат отворените прашања

226

Јас сум човек кој гради пријателство. Бугарија е наш стратешки партнер и тоа еден од најголемите на Северна Македонија. Таа е авангардниот поддржувач на нашите процеси, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека должност на Бугарија е да ја поддржува Македонија но не безусловно.

– Можеби тоа е мотивација да се надминат прашањата кои се отворени, пораката верувам дека е во тој дух – рењче Заев.

Радев изјави дека потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ и дека Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Северна Македонија.

– Тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии – вели Радев.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...