Заев: Идната недела доаѓа Хан, почнува скрининг процесот

Заев најави дека ќе побара опозицијата и сите политички чинители да ги расчисат своите позиции во делот на референдумот.

289

Следната недела со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан  почнува скрининг процесот, истакна вечерва премиерот Зоран Заев пред граѓанските организации со кои имаше консултативна средба во Владата.

– Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за којшто е многу важно колкав период од времето ќе трошиме -, рече Заев.

Тој додаде дека од 33-те поглавја за Македонија, ќе треба да има и 33 работни групи во кои ќе треба да се вклучат претставници и од институците и од граѓанскиот сектор.

Во однос на референдумот, премиерот уште еднаш изрази уверување дека тој ќе биде успешен и оти идната недела ќе се прецизираат прашањата околу тоа кога ќе биде референдумот, дали тој ќе биде обврзувачки или консултативен и како ќе биде формулирано референдумското прашање.

Заев најави дека ќе побара опозицијата и сите политички чинители да ги расчисат своите позиции во делот на референдумот.

Премиерот порача дека државата има потреба од граѓанскиот сектор кој има капацитет да се вклучи во сите процеси важни за државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...